Туристички брод со 48 патници и 4 членови на екипажот се запалил по судир со друг брод на северозападот на Шпанија. Според локалните медиуми, во несреќата што се случила во близина на островот Тоха, повредени се најмалку пет лица.
Повеќето патници скокнале од бродовите во морето за да се спасат. Неколку патници се пренесени во болница со изгореници и други повреди, а многумина од нив се во шок, јавија локалните медиуми.
Incendio nun catamarán entre #OGrove e a Illa da #Toxa. Nestes intres os servizos @salvamentogob, @gardacosras, @guardiacivil, SPEIS Ribadumia, SMPC O Grove, CCUS061, SLXE están traballando no rescate dos pasaxeiros/as e tripulación #catamaranogrove pic.twitter.com/pugBSg4M1r
— 112Galicia (@112Galicia) July 24, 2018
Бродот превезувал патници од брегот на Галиција до малиот остров Тоха на еднодневен излет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.