Најмалку 23 лица биле повредени во стампедо за време на трката со бикови на Сан Фермин фестивалот во Шпанија. Според тамошните власти еден 19-годишен Шпанец се наоѓа во болница во „многу тешка здравствена состојба”. Еден Американец се здобил со повреди во колк, а еден Шпанеци има повреди во мускул.
Несреќата настанала откако тркачите се обиделе во поголем број да минат низ вратата на влезот во арената, која обично останува отворена, па тие и биковите биле заглавени речиси 2 минути. На телевизиските снимки се гледа дека голем број на тркачи прават гужва на влезот во арената, поради што животните не можеле да поминат, а тркачите во паника почнале да ги газат тие пред себе. Два бика, од шесте колку што трчале, влетале во групата, при што тркачите се нашле под нивните стапала. Во текот на траењето на фестивалот, секојдневно се организираат трки со бикови во осум часот наутро по локално време, и ги привлекуваат оние кои се зависници од адреналин.
Во последните 100 години, 14 лица загинале за време на корида во Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето