| четврток, 6 декември 2018 |

Гинекологот тврди „Нема шанса!“: Се породила, а не ни знаела дека е трудна

Деветнаесетгодишна девојка со неподносливи болки во стомакот побарала итна медицинска помош во Ургентниот центар во Белград. Кога докторите почнале со прегледот, сфатиле дека младата девојка се пораѓа.

Освен девојката, која тврдела дека не знаела дека очекува дете, очигледно не знаеле ни членовите на нејзиното семејство, кои во шок го следеле случајот, ракажуваат за „Блиц“ од Ургентен.

После породувањето, мајката и бебето биле префрлени на Клиниката за гинекологија и акушетство. Мајката е во добра состојба, а бебето под надзор на лекарите.

Гинекологот др. Мима Фазлагиќ за „Блиц“ објаснува дека практично е невозможно жената да не знае дека е трудна.

  • Можно е себеси да не си ги признава симптомите. И менструација е можна во првите три месеци, но се работи за циклус со сиромашно крварење. Но, после тоа, матката расте, се зацврстува, градите потекуваат, се чувствува болка на допир, а крај краева – бебето се мрда. Мајката тоа мора да го почувствува. Секогаш зад ваквите приказни постои некоја психичка причина, се тоа е психичко дожвување и процесирање на симптомите – вели доктор Фазлагиќ.

Трудничкиот стомај не мора да биде изразен, но кај секоја жена матката до 20 недела расти до папокот и може да се почувствува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top