Во последно време, се повеќе е актуелна хроно диетата. Секој втор муабет на жените им е до каде се диетата и колку ослабнале, што јадат и како се чувстуваат.
На Фејсбук има направено и група, каде сите си споделуваат свои искуства. Интересно е тоа, што групата постојано се проширува со нови членови, претежно жени, но ќе се најде и по некој маж.
Од она што може да се прочита таму е дека резултатите се зачудувачки, а жените кои ја држат диетата презадоволни.
Кај хроно исхраната најважно е да имате редовни „термини“ за јадење во денот. Се доручкува секој ден во точно време, се руча по 5-6 часови, а по исто толку и се вечера.
Предност е тоа што се учи здрав начин на живот, нема јо-јо ефект, односно губење килограми, па нивно брзо враќање, и нема пореметувања во метаболизмот.
Правилен временски распоред на дневните оброци, задолжителни се три главни оброци во денот (појадок, ручек, вечера) со временско растојание од 4-6 часа меѓу нив, кога не треба да се внесува никаква храна. Дозволен е внес на вода и чаеви од билки (никако овошни).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.