| четврток, 6 декември 2018 |

„Последна минута“ диета пред одење на одмор: До 5 килограми за 5 дена

Оваа диета овозможува губење на 2 до 5 килограми за 5 дена или 10 до 15 килограми за 15 дена. Предноста е во тоа што нема чувство на слабост и изнемоштеност затоа што се внесуваат доволно витамини и минерали. Диетата се повторува три пати по пет дена или помалку доколку немате потреба од губење на толку килограми. Се прави 15-дневна пауза ако сакате да ја повторите. Бидејќи во оваа диета се користат крекери, одличен рецепт за домашни крекери можете да најдете во делот за предјадења во рубриката гастро.

Распоред на оброците

Прв ден

Појадок

1 портокал
4 крекери
1 шолја кафе или чај (без шеќер)
Ручек

1 портокал
1 варено јајце
1/2 шолја јогурт
Вечера

2 домати
2 варени јајца
1 краставица или
1/2 зелена салата
Втор ден

Појадок

1 портокал
4 крекери
1 шолја кафе или чај (без шеќер)

Ручек

1 портокал
1 варено јајце
1/2 шолја јогурт

Вечера

1 плескавица (125 г мелено месо)
1 портокал
1 домат
4 крекери
1 шолја кафе или чај (без шеќер)
Трет ден

Појадок

1 портокал
4 крекери
1 шолја кафе или чај (без шеќер)
Ручек

1 портокал
1 варено јајце
1/2 шолја јогурт
1 зелена салата или 2 краставици
напитоци без шеќер
Вечера

1 плескавица (125 г мелено јунешко месо)
1 портокал
4 крекери
1 шолја кафе или чај (без шеќер)
Четврти ден

Појадок

1 портокал
4 крекери
1 шолја кафе или чај (без шеќер)
Ручек

125 г немрсно сирење
1 домат
4 крекери
Вечера

1 плескавица (125 г мелено јунешко месо)
4 крекери
2 домати
1 јаболко
Петти ден

Појадок

1 портокал
4 крекери
1 шолја кафе или чај (без шеќер)
Ручек

200 г варена риба или пилешко месо
4 крекери
1 домат
Вечера

500 г варен зеленчук
1 варено јајце
1 домат
Дополнителни совети

Месото и варениот зеленчук можат да се зачинат со вегета или со некој друг растителен зачин што го сакате. Плескавиците се печат на тефлонска тава за да се намали потребата за дополнителни маснотии;
Свежите домати можете да ги замените со варени;
Наведените производи треба да се консумираат во назначените количини и по тој редослед, а оброците не смеат да се прескокнуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top