Кога хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ пред неколку дена позираше покрај Меланија Трамп во Белата куќа, сите ја забележаа нејзината промена. Видно ослабната, со десетина килограми помалку, Колинда ја поттикна љубопитноста на јавноста за каква диета станува збор.
Хрватските медиуми откриваат дека се работи за таканаречената липосукциска диета, а планот за исхрана го осмислил сараевскиот нутриционист Кенан Мандра.
Според него, доколку се држите до менито, резултатите се неизбежни за кратко време. Диетата се темели на внесување на масти и протеини, а намален внес на јаглехидрати. Се пијат протеински шејкови, и се јадат исклучително здрави намирници, помеѓу кои месо, риба и зеленчук, подготвени на медитерански начин. Липосукциската диета се базира на два протеински шејкови и вечера која се состои од протеини и зеленчук. Појадокот и ручекот се заменети со шејковите со разни вкусови и додатоци на исхраната (аминокиселини и растителни влакна), а главниот оброк е вечерата базирана на варен зеленчук, најчесто брокула, модар патлиџан, морков… Од месо, за време на вечерата се консумира пилешко и јагнешко или пак риба (лосос или туна). Дозволено е да се јаде салата, зелка, марула, патлиџани… Овошјето и јаглехидратите се строго забранати додека трае диетата.
За две недели со липосукциската диета се губи седум до десет проценти од телесната маса – тврдат нутриционистите. Тие пак, кои што ја практикуваат диетата, велат дека бргу се привикнале на новиот режим на исхрана, и како постигнале одлични резултати за кратко време без гладување.
Диетата моментално е доста актуелна кај јавните личности, а за одличните резултати сведочат Џенифер Анистон, Моника Белучи, Халид Бешлиќ, Сузана Манчиќ…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.