| четврток, 6 декември 2018 |

Диета за мрзливи

Пробајте ја оваа напивка која е вкусна, лесна за подготовка, а го забрзува метаболизмот и ви помага да се ослободите од вишокот килограми додека удобно седите во вашата фотелја.

СОСТОЈКИ:
2 супени лажици мед
1 супена лажица цимет
250 мл вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Зовријте ја водата. Ставете ја врелата вода преку циметот. Прекријте го садот и оставете го да се олади до температура на која може да го консумирате пијалокот.
Додајте го медот кога пијалокот е изладен. Никогаш не ставајте мед во врела вода, бидејќи топлината ги уништува ензимите и другите хранливи материи на медот.
Испијте половина од пијалокот пред спиење. Другата половина оставете ја во фрижидер и испијте ја наутро – но без претходно да ја подгревате.

Тоа е сè! И запомнете – овој рецепт делува само кога се конзумира на празен стомак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top