| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се заканува со војна и дестабилизација ако не влеземе во НАТО: Балканот знаел да биде бомбаситчен сите гледаме што се случува на северот од нас (видео)

Премиерот Зоран Заев, од митнгот во Велес вчера индиректно се  закани дека доколку државата  не влезе во НАТО можна е дестабилизација, бидејќи како што вели тој Балканот во  минатото знаел да биде бомбастичен.

– Балканот и во минатото знаел да биде динамичен, знаел да  биде бунтовен, но знаел да биде и бомбастичен, го гледате пак се разбуричкува некако, сите веќе знаеме што се случува на северот од нас. Како претседател на владата ги имам сите информации, должност е тоа на службите и домашни и регионални, јас се плашам за нашата земја и имам право да се плашам, оставена од татковци и од дедовци оваа грутка земја треба да си ја обезбедиме, треба да ја осигураме, кажа Заев од Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top