| четврток, 6 декември 2018 |

Заев вработува посебен советник за труд и социјална политика, плата 50.000 денари

Кабинетот на премиерот Зоран Заев планира да го зголеми уште повеќе советничкиот состав, откако канцеларијата вчера објави оглас за вработување на еден посебен советник за труд и социјална политика.

Вработувањето ќе биде на определено време, а паричниот износ на основната нето плата за ова работно место изнесува 50.000 денари.

Според постојните податоци, со ова ново вработување бројот на советници-експерти во кабинетот на Заев би изнесувал вкупно 40.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top