| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски

Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието рече дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го информирал за сите детали поврзани со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

– Ги знам сите детали, јас сум информиран, но истовремено и јас, како и министерот Спасовски го почитуваме Јавното обвинителство кое ја води истрагата. И јас и Оливер Спасовски гориме од желба да ги кажеме сите детали, но законите велат дека мора прво да заврши истрагата пред јавноста да биде запознаена – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top