Премиерот Зоран Заев, од митнгот во Велес вчера индиректно се закани дека доколку државата не влезе во НАТО можна е дестабилизација, бидејќи како што вели тој Балканот во минатото знаел да биде бомбастичен.
– Балканот и во минатото знаел да биде динамичен, знаел да биде бунтовен, но знаел да биде и бомбастичен, го гледате пак се разбуричкува некако, сите веќе знаеме што се случува на северот од нас. Како претседател на владата ги имам сите информации, должност е тоа на службите и домашни и регионални, јас се плашам за нашата земја и имам право да се плашам, оставена од татковци и од дедовци оваа грутка земја треба да си ја обезбедиме, треба да ја осигураме, кажа Заев од Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.