| четврток, 6 декември 2018 |

Дете (2) пуши по 40 цигари дневно, на родителите тоа им е баш забавно

Двегодишно дете од Индонезија пуши 40 цигари дневно и станува агресивно доколку некој одбие да му даде. Рапи Ананда Памунгкас почнал да ги зема отпушоците од својата мајка кои му ги палеле постарите деца од соседството и се забавувале додека го гледале. Малото дете набрзо стана зависно од цигарите, а на неговите родители таа ситуација им била смешна па почнале да му купуваат цигари и му ги давале со кафето.

Сега Рапи покажува тешки знаци на зависност.

– Мојот Рапи се навикна да пуши цигари додека пие кафе и јаде торта. Сега веќе два месеци пуши по две кутии дневно. Ако не му дадам цигара, едноставно полудува – вели 35 годишната Марјати, мајката на детето.

– Тој без цигара не може да заспие. Само вреска и плаче. Цигарите се скапи, но ние мораме да му ги купиме, бидејќи тој пуши по цел ден”, додава Марјати.

Ниту неговиот татко не може да го одбие кога ќе побара цигара од него.

– Не можам да му речам “не”. Јас дури не пушам дома, само на работа, но Рапи сака да пие кафе и пуши цигара – вели таткото, кој сепак се согласува дека е време да посетат доктор и да започнат со терапија за одвикнување со помош од стручно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top