По тужба на отштетени штедачи од Босна и Македонија се најде пред Судот за човекови права во Стразбур.
Костадин Богданов, кој ја застапува Македонија, изјави дека очекува земјава да биде исклучена од плаќање на евентуални пенали и очекува судот уште еднаш да ја потврди одлуката дека Србија и Словенија треба да ги вратат замрзнатите штедни влогови, објави Канал 5.
Македонија не е одговорна за заробените пари на босанските граѓани кои поднесоа тужба до судот за човекови права во Стразбур барајќи си ги парите од старото девизно штедење. На денешното рочиште пред големиот судски совет составен од 17 судии владиниот агент Богданов во одбраната посочи дека станува збор за приватно правен однос меѓу босанските државјани и банките во кои пред 20-тина години ги вложиле заштедите.
– Од друга страна ние дадовме одбрана дека Владата односно РМ не е одговорна за овој случај од причина што станува збор за приватно правен однос помеѓу босанските државјани односно тужителите и банките каде што ги депонирале средствата на времето а кои што банки се наоѓаат на територијата на Босна, односно нивните мајки се наоѓаат во Србија и Словенија, што значи дека со нас како држава нема никаков контакт предметот и дека тужбата треба да биде отфрлена во тој дел, а рековме и дека односно изложивме и акцентиравме нашето законодавство во делот на старото девизно заштеда со законот донесен во 2000 година со кој што на недискриминаторски начин се регулира тоа прашање и им беа вратени средствата односно старото девизно штедење на сите луѓе кои имаа штедено во Македонија без оглед на националност – вели Костадин Богданов, владин агент во ЕСЧП.
Конкретна сума која држава колку и кому му должи судот не може да утврди, единствено доколку наложи ќе се донесе меѓудржавна одлука. Богданов очекува пресуда во корист на Македонија до крајот на годинава или почетокот на 2014.
– Очекуваме во врска со Македонија да нема повреда односно очекуваме дека најверојатно судот ќе остане на првостепената пресуда каде има беше наложено на Србија и Словенија да ги платат тие средства кои биле штедени во нивни експозитури на нивни банки во останатите републики – вели Богданов.
Во ноември мината година судот во Стразбур по тужбата против сите поранешни југословенски републики, веќе ја ослободи Македонија од исплата на старите долгови, зошто поголем дел биле веќе исплатени и ги задолжи Љубљана и Белград да им ги вратат парите на штедачите. Во судот во Стразбур има околу 1600 апликации и 8.000 тужители што бараат пари од старото девизно штедење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.