Снежана Рудинац (24) која е тешко повредена во сообраќајната несреќа во која животот го изгуби нејзиниот свршеник Милош Вукомановиќ (25) се уште е критично и лекарите прават се што е во нивна моќ за да и го сочуваат животот.
Снежана е тешко повредена во ноќта меѓу 17 и 18 јули, кога со свршеникот Милош го поминувала булеварот во Бечиќи. Во таа прилика нив со автомобил ги покоси сликарката и ќерка на бизисмен, Емина Арадовиќ(23) која од несреќата се наоѓа во притвор.
-Состојбата на Снежана е непроменета, се уште е критична. Таа се уште се наоѓа во шок соба во која е примена минатата среда, каде лекарите секој ден прават се што е во нивна моќ – рекле во Војно медицинската академија.
Нагмечувањето на градниот кош е најголем проблем, поради што повредената девојка е на кислород и не може да комуницира.
Несреќаната Снежана во таква состојба е веќе 10 дена и не знае дека го изгубила свршеникот, со кој во септември, после сезоната во Будва, требаше да ја овековечат врската со брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Само на момент дошла при свест и прво прашала за Милош: Лекарите се уште се борат за животот за Снежана!
-
Ограбил куќа, па се заканувал на мајка му: Уапсен е синот на Снежана Ѓуришиќ
-
Трудната свршеница на Милош се уште е во критична состојба: Во шок соба е и не знае за неговата смрт
-
Семејна драма на познатата пејачка: Синот на Снежана Ѓуришиќ избега од болница за одвикнување