| четврток, 6 декември 2018 |

Планираа свадба во септември: Снежана и нејзиниот свршеник ги покоси автомобил, а по 10 дена повторно лоши вести

Снежана Рудинац (24) која е тешко повредена во сообраќајната несреќа во која животот го изгуби  нејзиниот свршеник Милош Вукомановиќ (25) се уште е критично и лекарите прават се што е во нивна моќ за да и го сочуваат животот.

Снежана е тешко повредена во ноќта меѓу 17 и 18 јули, кога со свршеникот Милош го поминувала булеварот во Бечиќи. Во таа прилика нив со автомобил ги покоси сликарката и ќерка на бизисмен, Емина Арадовиќ(23) која од несреќата се наоѓа во притвор.

-Состојбата на Снежана е непроменета, се уште е критична. Таа се уште се наоѓа во шок соба во која е примена минатата среда, каде лекарите секој ден прават се што е во нивна моќ – рекле во Војно медицинската академија.

Нагмечувањето на градниот кош  е најголем проблем, поради што повредената девојка е на кислород и не може да комуницира.

Несреќаната Снежана во таква состојба е веќе 10 дена и не знае дека го изгубила свршеникот, со кој во септември, после сезоната во Будва, требаше да ја овековечат врската со брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top