Снежана Рудинац, тешко повредена во средината на јули во несреќата во Бечиќи во која загина нејзиниот свршеник Милош Вукомановиќ, само на момент дошла при свест и прво што прашала е како и каде е Милош. Потоа повторно потонала бесознание.
Ова го раскажала Снежана Вукомановиќ, мајка на несреќното момче, наведувајќи дека лекарите на белградската Војномедицинска акамедија се уште се борат за животот на девојката која со нејзиниот син планираше во септември да ја официјализира шестгодшината врска.
Девојката е во шок соба, примена со тешки повреди на главата, потколеницта и натколеницата и трупот. Нагмечувањето на трупот е најголемиот проблем, поради кој девојката е приклучена на кислород и не може да комуницира. Снежана во болницата редовно ја посетуваат нејзините, но и родителите на Милош.
На нив на неосветлен пешачки премин налета автомобил кој буквално ги покоси. Во несреќата Милош починал на лице место, додека состојбата на Снежана се уште е критична.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ограбил куќа, па се заканувал на мајка му: Уапсен е синот на Снежана Ѓуришиќ
-
Планираа свадба во септември: Снежана и нејзиниот свршеник ги покоси автомобил, а по 10 дена повторно лоши вести
-
Трудната свршеница на Милош се уште е во критична состојба: Во шок соба е и не знае за неговата смрт
-
Семејна драма на познатата пејачка: Синот на Снежана Ѓуришиќ избега од болница за одвикнување