| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбил куќа, па се заканувал на мајка му: Уапсен е синот на Снежана Ѓуришиќ

Синот на Снежана Џуришиќ, Марко Гвозденовиќ (38), уапсен е вчера во Белград. Тој е уапсен за повеќе кривични дела.

Како што дознава српски Ало, Марко е уапсен поради кражба и загрозување на безбедноста на неговата мајка. Се сомнева дека вршел кражби по куќите и становите од околината, а по расправијата со неговата мајка и загрозувањето на нејзината сигурност полицијата го привела.

Инаку, Гвоздановиќ и порано имал проблеми со законот. Предизвикал две сообраќајни несреќи, во кои имало загинати и повредени. Исто така бил пријавуван често пати за семејно насилство. Пред вчерашното апсење Марко и праќал на мајка му заканувачки пораки поради што се товари за загрозување на сигруноста.

За потсетување, како што медиумите во минатото пишуваа Снежана поради многубројни проблеми се одрекла од синот. Марко минатиот месец избегал од болница за одвикнување од алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top