Здравствената состојба на Снежана Рудинац(24) која е тешко повредена во Бечиќи во сообраќајната несреќа која се случи пред една недела, кога животот го загуби нејзиниот свршеник Милош Вукомановиќ(25), е непроемената и таа е во критична состојба и под постојан надзор на лекарите на ВМА.
Снежана со повреди опасни по живот во ноќта меѓу минатиот вторник и среда најпрво е превезена во болница во которската наслеба Рисан, за да после два дена во тешка состојба биде префрлена со хеликоптер на лекување во Белград на ВМА. Веќе една недела здравствената состојба на девојката е критична. Неофицијално се зборува дека Снежана е бремена.
-Состојбата на Снежана е непромената, таа се уште е во шок соба, каде се наоѓа од четвртокот кога како тежок пациент е донесена со хеликоптер – велат на ВМА.
Девојката во сообраќајната несреќа во која таа и свршеникот биле покосени како пешаци, задобила повреди на главата, потколеницата, натколеницата и градниот кош, но и покрај тешките повреди не е во кома.
Најголем проблем создава нагмечувањето на градниот кош, а Снежана е на кислордод и не може да комуницира. Имено кога ќе се разбуди, вознемирена е поради што лекарите постојано и даваат лекови за спиење. На неа се уште не и е соопштено дека останала без свршеникот Милош, која загина на лице место и е погребан минатиот четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Само на момент дошла при свест и прво прашала за Милош: Лекарите се уште се борат за животот за Снежана!
-
Ограбил куќа, па се заканувал на мајка му: Уапсен е синот на Снежана Ѓуришиќ
-
Планираа свадба во септември: Снежана и нејзиниот свршеник ги покоси автомобил, а по 10 дена повторно лоши вести
-
Семејна драма на познатата пејачка: Синот на Снежана Ѓуришиќ избега од болница за одвикнување