Експедицијата се состои од 43 планинари од 7 земји (Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Полска, Украина, Црна Гора). Меѓу нив се и 13 македонски планинари во организација на Планинарско–спортското друштво „Макпетрол“ од Скопје.
Вкупно 39 планинари се искачија на највисокиот европски врв, Западен Елбрус, од нив, 12 од Македонија.
Тоа се планинарите: Ивана Николова, Илинка Ристевска, Горан Вуќиќ, Мишко Танески, Петар Ивановски, Влатко Крбалески, Александар Митев, Виктор Антовски, Тоше Велев (најмладиот член на експедицијата, роден на 17 мај 1994 година), Дејан Атанасов, Душко Христов и Виктор Симовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.