| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се гради хотел во коритото на Вардар

Хотел-ресторан ќе никне во коритото на Вардар, веднаш спроти Градскиот трговски центар. Така ќе изгледа третата галија, која за разлика од претходните две, нема да биде само место за ручек, туку ќе нуди и хотелско сместување за туристите. Ќе се разликува и по тоа што нејзината метална кострукција ќе биде обложена со дрво, велат за Телма од фирмата која ќе стопанисува со неа.

Нема рокови кога најдоцна треба да бидат завршени и трите галии. Најбавно оди изградбата на најголемата, која истовремено ќе биде и хотел и ресторан. Од  фирмата која ќе стопанисува со просторот, велат тоа се должи на комплексноста на проектот и потенцираат дека во ниту еден момент не биле прекинати активностите околу неговото реализирање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top