| четврток, 6 декември 2018 |

Што собираа познатите како деца?

Автомобилчиња, сликички, салвети, марки…секој имал различна опсесија или хоби како мал. Некои и од кога пораснале. А што собирале познатите открија за естрадниот магазин Бекстејџ.

Уредникот на „Вест“, Горан Михајловски како мал собрал завидна колекција од околу 40 мали автомобили. Во тинејџерските години, пак, страста ја насочил кон нмагазинот „Старт“ кој излегувал секоја втора недела и кој  во средината секогаш имал постер од убава и гола жена. Сега меѓу сите познаници е познат како колекционер на авиончиња, па сите знаат што треба да му подарат или пак донесат од некое патување.

kolicki

Виртуозот Влатко Стефановски – како и сите деца на 6-7 годишна возраст собирал сликички на фудбалери кои ги имало во мали чоколадо. Сега е опседнат со музичка опрема. Собира од кабли до клавијатури, но главна опсесија му се гитарите и микрофоните.

marki

Актерот Сашко Коцев иако како што вели во животот нема запалено цигара, дома има 300 различни пакети на цигари, кои ги закачувал на табла. За неговото хоби дознае сите другари, па и тие секогаш придонесувале со некоја нова интересна кутија. Сега е опседнат со електронските тапани кои му ги подарила сопругата и на нив дневно поминува мининум саат време.

cigari

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top