| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ја доби групата за СП: Играме против Шпанија, Хрватска, Исланд…

Машката ракометна репрезентација ги доби противниците на Светското Првенство што во јануари следната година ќе се одржи во Германија и Данска. Избраниците на Раул Гонзалез се најдоа во тешката група Б и ќе играат против европскиот првак Шпанија, како и против ХрватскаИсландБахреин и Јапонија.

Група А (Берлин – „Мерцедес Бенц Арена“)
ФранцијаРусија, Германија, СрбијаБразил, Кореја

Група Б (Минхен – „Олимпијахале“)
Шпанија, Хрватска, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија

Група Ц (Хернинг – „Јуске Банк Боксен Арена“)
Данска, НорвешкаАвстријаТунисЧиле, Саудиска Арабија

Група Д (Копенхаген – „Ројал Арена“)
ШведскаУнгаријаКатарАргентинаЕгипет, Ангола

Шампионатот ќе се игра од 9 до 27 јануари, a Берлин, Минхен, Хернинг и Копенхаген ќе бидат домаќини на дуелите од прелиминарната фаза. Во главната фаза, натпреварите ќе се играат во Келн и Хернинг, додека полуфиналињата ќе бидат одиграни во Хамбург, а финалето во Хернинг.

 

извор: gol.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top