Машката ракометна репрезентација ги доби противниците на Светското Првенство што во јануари следната година ќе се одржи во Германија и Данска. Избраниците на Раул Гонзалез се најдоа во тешката група Б и ќе играат против европскиот првак Шпанија, како и против Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.
Група А (Берлин – „Мерцедес Бенц Арена“)
Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореја
Група Б (Минхен – „Олимпијахале“)
Шпанија, Хрватска, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија
Група Ц (Хернинг – „Јуске Банк Боксен Арена“)
Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, Саудиска Арабија
Група Д (Копенхаген – „Ројал Арена“)
Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола
Шампионатот ќе се игра од 9 до 27 јануари, a Берлин, Минхен, Хернинг и Копенхаген ќе бидат домаќини на дуелите од прелиминарната фаза. Во главната фаза, натпреварите ќе се играат во Келн и Хернинг, додека полуфиналињата ќе бидат одиграни во Хамбург, а финалето во Хернинг.
извор: gol.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.