Во 02.00 часот по полноќ на локалниот пат село Сиричино кон село Туденце, тетовско, 24-годишниот Р.И. од Раотинце, тетовско, управувајќи товарно возило „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од селото Јегуновце, тетовско.
Тој бил пренесен во Клиничката болница -Тетово каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.