Само неколку часа по масовниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на РМ, медиумите од регионот на големо пишуваат за собирот. Србија, Хрватска, Словенија велат дека Македонија е повторно на нозе, а илјадници граѓани заедно со претседателот на партијата Христијан Мицкоски бараат предвремени избори поради лошите политики кои ги води сегашната влада. Медиумите наведуваат и дека граѓаните протестирале против промена на името.
Покрај регионалните медиуми, за масовниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пишуваа и влијателни светски медиуми како „Ројтерес“ и „Вашингтон пост“.
Десетици илјади поддржувачи на опозицијата, протестираа пред главната владина зграда во Македонија барајќи предвремени избори, пишува еден од највлијателните американски медиуми, весникот „Вашингтон пост“.
Десетици илјади поддржувачи на опозицијата, протестираа пред главната владина зграда во Македонија во саботата, барајќи предвремени избори, пишува еден од највлијателните американски медиуми, весникот „Вашингтон пост“ само неколку часа по одржаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.
Конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ, која управуваше во 2006-2017 година, повика на демонстрации велејќи дека левичарската влада презела “апокалиптични” потези за време на својата една година на власт, пишува влијателниот весник.
Влијателниот весник пренесува изјава од лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, „кој рече дека протестот е “почеток на крајот” за актуелната влада и повика на предвремени избори што ќе се одржат следниот март или април. Тој рече дека треба да се формира техничка влада пред изборите.
Весникот го цитира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој пред протестот изјавил дека власта првата година ја минала во обнова на земјата по 11 години владеење на конзервативците.
Во написот се наведува дека за Мицкоски владата на Заев работи на штета на националните интереси со преговорите за името со Грција и дека опозицијата никогаш нема да го смени Уставот на земјата за да го промени уставното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.