| четврток, 6 декември 2018 |

Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)

Вечерва во 17 часот е закажан протестниот марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот. Следете во живо
ВМРО-ДПМНЕ и денеска излегува на улица на протест против, како што велат, црнилата кои СДСМ ги наметнува.

– Протестираме затоа што: Сме против економските црнила, против сиромаштијата, зголемените даноци и беспарицата кои му тежат на секој еден граѓанин, против економијата која стагнира и која губи здив. Сме против политичките црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мочуриште каде прогонот станува закон, а законот мета за поткусурување. Сме против општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец загадувањето кое наместо да се намалува, се мултиплицира. #МакедонијоНапред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот започнува во 17 часот од Плоштад ВМРО, а ќе се маршира до пред владата на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top