Избори мора да има во април заедно со претседателските, порача Христијан Мицкоски од големиот народен собир пред Владата на Република Македонија.
-Ајде да подготвиме чист и еднаков терен за сите политички партии. Ајде да избереме Претседател на ДИК на предлог од опозицијата. Ајде да формираме техничка влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, впрочем исто како што беше во 2016 кога Зоран Заев и СДСМ ги загубија изборите и да видиме дали народот се согласува со ова што го прави Зоран Заев и СДСМ.
Политичката борба, нивото на политичко однесување драстично е опаднато во еден подолг период, и наметнати се лажни стандарди и вредности за тоа, како политиката треба да изгледа и како политичарите треба да се однесуваат. Но сето тоа мора да се промени, рече Мицкоски.
-НАТО, кој несомнено е значајна алијанса кон која стратешки се стремиме, само по себе нема да не промени како личности. НАТО нема да направи камионите на Заеви помалку да вртат, или ЕУ нема да ги намали хектарите засадени со марихуана од Заеви.
НАТО и ЕУ, се одлична можност за државата и граѓаните, но промените во државата мора да почнат од нас самите. Мора да веруваме во себе и да веруваме во сопствените квалитети. Да се создаде систем каде што вредностите и квалитетите, човечки и професионални ќе бидат пример за успех и напредок, а не за тоа кој со кого колку е близок, или дали се познава со Заеви или со некој роднина на некој функционер.
Не викам дека и порано немало исти или слични работи, рече Мицкоски, но нагласи дека лошите работи и од времето на ВМРО-ДПМНЕ изминативе години додека беше власт, но и од оваа власт мора да престанат.
Мора вредностите да владеат, а не човекот да ги креира тие вредности како што му одговара во моментот. Мора принципи и одлучност! Тоа мора да го наметнеме!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.