Во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo 21.946 деца, од кои 21.754 живородени и 192 мртвородени. Бројот на живородените деца во 2017-та во споредба со претходната година, е намален за 5,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број живородени деца, 51,3 отсто се машки, а 48,7 женски.
Најголем број раѓања (1.953) се регистрирани во месец јули.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,7 отсто се мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 28,9 години, а при првите раѓања 27,2 години.
Во 2017 година се регистрирани 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.534 деца или 11,6 отсто од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)