| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Стаклена менажерија“ во театарот во Охрид

На 3 јуни на сцената на театарот во Охрид премиерно ќе биде одиграна претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс.
Улогите ги толкуваат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски,  Режија: Софија Ристевска Петрушева, Превод: Јасмина Петровска, Сценограф: Михаел Димитровски, Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски, Кореограф: Кире Миладиноски и Фото и дизајн: Петар Тасевски.
-„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби, ели режисерката -Софија Ристевска Петрушева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top