Дарко Лазиќ конечно призна дека после разводот од Ана Севиќ има девојка и дека е заљубен.
Популарниот пејач после тешкиот период и разделбата од сопругата, со која има тригодишна ќерка, конечно призна дека повторно е среќен.
-Имам девојка, среќен сум и исполнет. Ана и јас веќе долго време не сме заедно, нема цел живот да останам сам. Мислам дека и таа има момче, не знам- вели Дарко, а на прашањето како реагира кога во весниците ќе го види новото момче на Ана, пејачот низ смеа вели:
-Велам: Види колку е убав новиот зет!Не ме прашуваат пријателите за Ана. Понекогаш роднините ме прашуваат што било, а јас немам сила, ниту потреба да објаснувам- вели Дарко.
Тој додава дека развдот тешко му паднал, но дека не се откажал од бракот.
-Ќе се оженам пак. Нема да останам неженет до крај на животот! Ако ја најдам вистинската, сигурно повторно ќе го изговорам судбоносното да- рекол пејачот низ смеа и додал дека со поранешната жена е во одлични односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.