| четврток, 6 декември 2018 |

Филе во Парламентот на ЕУ: Мора да стори нешто за името

stefan-file-527

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент инсистирал на она што досега го имал речено за земјава, односно залагањето на Комисијата за давање датум за преговори со јасна перспектива за решавање на прашањето за името според предлозите на Метју Нимиц.

Филе пред европратениците посебно инсистирал и на потребата од целосно спроведување на договорот од 1 март меѓу политичките партии од Македонија, за разјаснување на настаните по 24 декември. Еврокомесарот очекува Комисијата формирана врз основа на договорот од март година да си ја заврши работата.

– Мислам дека е време да направиме нешто во врска со прашањето за името. Време е за тоа, време е за тоа – рече Филе.

Тој се надева на напредок за Македонија на патот кон ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top