| четврток, 6 декември 2018 |

Интимна исповед на Борис Новковиќ: Поради синот, во еден период ја прекинав музичката кариера

Борис Новковиќ, популарниот хрватски музичар пред неколку месеци откри дека неговиот син Ноа, кој го има од бракот со пореншната сопруга Лусија е дете со посебни потреби. Момчето има аутизам, а пејачот во интевју за еден српски магазин, отворено говори за своето семејство.

– Во еден момент ја прекинав кариерата токму поради здравствените проблеми на моето дете. Сите заедно се бориме и даваме се од себе Ноа да биде добро – изјави Борис пред неколку месеци и додаде дека многу му значи што со својот пример ги инспирирал луѓето да се борат и да не се откажуваат.

– Секој има избор да го живее животот како сака. Мене родителството ми е многу важно и затоа не ми падна тешко кога паузирав со кариерата. Најдрагоцено ми е времето поминето со синот. Сакам да имам фантастичен однос со децата – вели Новиковиќ во интервјуто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top