| четврток, 6 декември 2018 |

Се бориме Ноа да биде добро-Борис Новковиќ искрено за аутизмот на синот и прекинот на кариерата

Борис Новковиќ вели дека тој и неговата поранешна сопруга Луција веќе осум години се борат со здравствениот проблем на својот наследник и дека им е приоритет, малиот да биде добро.

-За тоа не сакам да разговарам, но тоа е мојот приоритет во животот, да се грижам за детето, како и за другите деца. Тоа што никој не знае за тоа е едноставно бидејќи не сакам да зборувам за приватните работи. Го изнесов во јавност фактот дека се грижам за семејството, заради тоа што ме погодуваа работите и лагите кои ги изнесуваа другите за мене.Во еден момент ја прекинав кариерата поради здравствените проблеми на моето дете, бидејќи сите заедно се бориме и даваме се од себе, Ноа да биде добар. Но не сакам да полемизирам за тоа, морате да ме разберте- рекол Новковиќ.

Него го револтира тоа што го сметаат за крал на пропаднатите бракови, бидејќи во 30 годии, бил оженет „само“ 3 пати.

-Го завршив 3 брак во 30 години, што не е многу, бидејќи едниот брак ми траеше пет, вториот 13 години, во кој се родија две деца, а третиот беше многу несериозен бидејќи траеше неколку месеци. Ама после се да пишуваат дека тагата ја лечан по шанкови, мене тое ми е исто како наредниот пат да прочитам дека сум во кампот на ИСИС и дека вежбам за терорист-бесен е пејачот на медиумите.

Во врска со емотивниот статус во моментов, тој вели дека живее сам, но излегува, се дружи со луѓе, а кога ќе биде во врска сите ќе чујат за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top