| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведе, па по 8 години молчење призна:Растеме дете со посебни потреби!

Откако еден хрватски портал ја пренесе веста за наводната врска на Борис Новковиќ со атрактивна Загрепчанка, со детален осврт на константното опивање, како би нашол утеха поради неодамнешниот развод од 31 годишната Инес Катиќ, тој се огласи на социјалните мрежи да ги демантира овие срамни наводи, притоа откривајќи ја суровата вистина за својот живот за која многумина не знаеја.

Пред се, Борис истакнал дека нема девојка, но дека со гордост ќе ја претстави на јавноста кога ќе ја пронајде, а потоа ги замолил медиумите да не ја дисректираат неговата кариера со непроверени трачеви.

-Многумина ќе речат:Што се расправаш заради глупости?Но на кретени разни и нивните празни глави се сеќавам. Зборовите со отров на малите лажговци ме печат и вртам стар филм во мене, па се расипува зрното радост, зрното на чест која ја губи ова декадентно општество на светско глобално ниво. Ете затоа имам храброст да проговорам и да ја кажам вистината, бидејќи ова е моја страница и ми дава можност да се бранам.Не се согласувајте да одите со свиткана глава, бранете се и будете го тоа што е. Вистината е непобедива, таа се гледа во очите на душата-напишал пејачот на официјаната Фејсбук страница, за потоа до солзи да ги доведе своите следбеници.

-И уште нешто. Дали некој знае дека мојата поранешна сопруга и јас веќе осум години одгледуваме дете, син со посебни потреби? Ете тоа е мојата мисија број еден за разлика од вашите зборови полни со отров-се исповедал Новковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top