Хрватската играна продукција повторно се пробива во македонскиот етер. Од вечерва започна да се емитува хрватската ТВ-новела „Чиста љубов“, која веќе оствари незапамтен успех во Хрватска, а од неодамна и во Србија, Црна Гора и Босна.
Вниманието несомнено го привлече насловната песна, која како и „Златни двори“ од Колонија станува голем радиски хит. Љубителите на хрватската музика особено ги израдува враќањето на Борис Новковиќ, кој ја исполнува песната.
– Кога авторот Душан Бачиќ ми ја испрати песната, веднаш ми се допадна затоа што има поетичен текст и звук кој потсетува на моите песни од осумдесеттите. Сепак, сето тоа е спакувано во една модерна продукција, а јас се надевам дека ја доловив таа емоција и атмосфера која ја бара овој голем проект, вели Новковиќ за својот ангажман за серијата.
Се бориме Ноа да биде добро-Борис Новковиќ искрено за аутизмот на синот и прекинот на кариерата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)