Борис Новковиќ, популарниот хрватски музичар пред неколку месеци откри дека неговиот син Ноа, кој го има од бракот со пореншната сопруга Лусија е дете со посебни потреби. Момчето има аутизам, а пејачот во интевју за еден српски магазин, отворено говори за своето семејство.
– Во еден момент ја прекинав кариерата токму поради здравствените проблеми на моето дете. Сите заедно се бориме и даваме се од себе Ноа да биде добро – изјави Борис пред неколку месеци и додаде дека многу му значи што со својот пример ги инспирирал луѓето да се борат и да не се откажуваат.
– Секој има избор да го живее животот како сака. Мене родителството ми е многу важно и затоа не ми падна тешко кога паузирав со кариерата. Најдрагоцено ми е времето поминето со синот. Сакам да имам фантастичен однос со децата – вели Новиковиќ во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема да ви се верува кој се враќа на сцената со „Чиста љубов“
-
Се бориме Ноа да биде добро-Борис Новковиќ искрено за аутизмот на синот и прекинот на кариерата
-
Се разведе, па по 8 години молчење призна:Растеме дете со посебни потреби!
-
После три развода ја најде вистинската-Борис Новковиќ заљубен до уши!