Со оглед на темпото на раст на невработеноста, шпанската држава е блиску да се израмни со Македонија.
Влада се соочува со досега невидена стапка на невработеност од 26% во четвртиот квартал во 2012 година
„Ваквата бројка значи дека речиси шест милиони луѓе се без работа. Големата рецесија беше причина за ваквиот висок процент. Во третиот тримесечија невработеноста беше 25%. Во 2012 година без работа останале 697,700 луѓе, а речиси 1,8 милиони семејства немаат по ниту еден врабтен“, пишува во соопштението на Заводот за статистика во Мадрид
На ваквата криза, владата во Шпанија се спротистави со реформи кои што предвидуваат мерки за строго штедење и намалување на платите и растот на даноците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



