| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на долгометражниот играниот филм „Враќање“

На 18 април, 2018 година, среда, со почеток во 20 часот, во кино комплексот „Синаплекс“ Во Скопје сити мол ќе се одржи официјалната македонска и светска премиера на долгометражниот игран филм „Враќање” / “Kthimi”, во режија на Кастриот Абули, соопштија од „Дарданиа филм“ од Скопје, главниот продуцент на филмот.

Филмот е финансиран со средства од Агенцијата на филм на РМ, а во копродукција со Косовскиот центар за кинематографија и господинот Абдули.

Покрај врвни филмски автори, актери и работници од Македонија и Косово, како гостин во филмот, во една од насловните женски улоги, се појавува и француската актерка Делфин Депардје, внука на познатиот светски актер Жерар Депардје.

По премиерата, филмот ќе игра на редовниот репертоар на киното „Синаплекс“.

Од „Дарданиа филм“ од Скопје (главниот продуцент на филмот), „Шкупи филм“ од Приштина (копродуцент на филмот од Косово), господинот Кастриот Абдули и мое лично име, со срдечен поздрав,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top