| четврток, 6 декември 2018 |

Кој дојде на македонската премиера на „Бикини Мун“ на Манчевски во „Милениум“? (фотогалерија)

Актери, уметници, новинари, режисери но и актуелни политичари беа синоќа меѓу публиката во салата во скопското кино „Милениум“, каде што се одржа премиерата на новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, кој е американско-германска копродукција.

Синоличка Трпкова

Пред премиера на „Бикини Мун“ беше прикажан петминутниот филм на Манчевски, „Крајот на времето“.

Ана и Силвија Стојановски

На премиерата присуствуваше и дел од филмската екипа на Бикини Мун, кои на крајот од проекцијата и се поклонија на публиката. На сцената се качија режисерот Милчо Манчевски, композиторот на музиката Игор Василев – Новоградска и дизајнерот на продукција, британецот Дејвид Манс.

Милчо Манчевски, Игор Василев – Новоградска и Дејвид Манс

Манчевски, најнаградуваниот македонски автор, вели дека „Бикини Мун“ е современа трагедија, која, според својата структура претставува филм во филм, лажен синема верите документарец.

Весна и Александар Микиќ

Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис.

Македонија е прва земја во регионот со редовна кино-дистрибуција, а по Скопје следуваат фестивалите во Сарасота во Флорида, во Истанбул, Менхетен во Њујорк, во Франкфурт и Нешвил во мај.

Јордан Симонов со сопругата

Од денеска филмот е на редовен репертоар на киното „Милениум“ со проекции од 20 и 22 часот.

Борче Начев со сопругата

 

Ивица Димитријевиќ

Продуцентот Роберт Насков со сопругата Анастазија Киркова-Наскова

Бранко Огњановски

Милчо Манчевски

Министерката Рената Дескоска и сопругот, професорот Тони Дескоски

Катарина Ивановска

Симон Трпчески

Трифун Костовски

Професорот Иван Џепаровски

Премиерот Зоран Заев

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top