Актери, уметници, новинари, режисери но и актуелни политичари беа синоќа меѓу публиката во салата во скопското кино „Милениум“, каде што се одржа премиерата на новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, кој е американско-германска копродукција.
Пред премиера на „Бикини Мун“ беше прикажан петминутниот филм на Манчевски, „Крајот на времето“.
На премиерата присуствуваше и дел од филмската екипа на Бикини Мун, кои на крајот од проекцијата и се поклонија на публиката. На сцената се качија режисерот Милчо Манчевски, композиторот на музиката Игор Василев – Новоградска и дизајнерот на продукција, британецот Дејвид Манс.
Манчевски, најнаградуваниот македонски автор, вели дека „Бикини Мун“ е современа трагедија, која, според својата структура претставува филм во филм, лажен синема верите документарец.
Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис.
Македонија е прва земја во регионот со редовна кино-дистрибуција, а по Скопје следуваат фестивалите во Сарасота во Флорида, во Истанбул, Менхетен во Њујорк, во Франкфурт и Нешвил во мај.
Од денеска филмот е на редовен репертоар на киното „Милениум“ со проекции од 20 и 22 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Аждер“-нова премиера во битолскиот народен театар
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Премиера на филмот „Ема“ на 3 ноември: Прв македонски филм снимен од тинејџери за тинејџери
-
Почна снимањето на новиот филм на Манчевски: „Врба” е љубовен филм за денешни и дамнешни души (видео)