| четврток, 6 декември 2018 |

На Прија не и треба венчаница од баба – открива Лепа Брена!

Овие денови многу се пишуваше за тоа дека Александра Пријовиќ на венчавката со Филип Живоиновиќ ќе ја облече венчаницата која своевремено ја носела неговата маќеа Лепа Брена, меѓутоа фолк дивата тоа го демантира и во шега вели дека на невестата не и треба венчаница од баба.

-Приказната за предавање на венчаниците ја гледаме само во романичните филмови. Во денешно време толку е развиен бизнисот со венчаници, што нема потреба да се зема она што е старо. Сметам дека мојата венчаница е моја среќа, а Александар треба да земе своја, убаво да се чувствува во неа и да биде принцеза во своја венчаница. Немаме иста градба, јас сум жена од 180 сантиметри, немаме иста висина. Замислете како би изгледало тоа. Не и треба венчаница од баба или Брена – вели низ смеа Брена, која не ја крие среќата поради се што и донесе претходниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top