| четврток, 6 декември 2018 |

Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал

По слабите настапи сезонава на првиот голман на Арсенал, Петр Чех, тимот од Лондон по се изгледа летово ќе тргне по негова замена. Според англиските медиумите прв на списокот на „топџиите“ за голманската позиција е  Бернд Лено, голманот на Баер Леверкузен.

26-годишниот Лено сигурно ќе биде дел од репрезентацијата на германија на СП во Русија, а во зависност од тоа колку Нојер ќе биде подготвен за Мундијалот, постои можност Лено да има и значителна минутажа во Русија.

Тој сезонава има примено 33 гола на 25 одиграни натпревари, а има најмногу додавања од сите голмани во Бундес лигата. Неговиот договор со Баер истекува во 2020 година, а откупната клаузула изнесува 30 милиони евра, сума која не преставува проблем за клуб како Арсенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top