| четврток, 6 декември 2018 |

Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите

Пјер Емерик Обамејанг, според последните информации кои стигнуваат во јавноста очигледно е пред реализација на трансферот од Борусија Дортмунд во Арсенал.

– Подготвени сме да го реализираме трансферот, но под одредени параметри. Ако истите бидат исполнети во целост, тогаш ќе има напредок. Арсенал веќе имаше неколку обиди. Досега сите понуди се одбиени, се додека не бидат исполнети нашите барања, нема да прифатиме други услови. Во спротивно, тој ќе остане во Борусија до летниот преоден рок. Тоа е прифатено и од страна на самиот Обамејанг, се вели во соопштението на „милионерите“.

Како што јави ,,Скајспорт”, трансферот е веќе договорен, а цената која Арсенал ќе му ја плати на германскиот клуб ќе изнесува околу 70 милиони евра со што ќе се стави крај на трансфер сагата која беше на релација Лондон – Дортмунд скоро една година.

Да биде уште поинтересно, на социјалните мрежи Обамејанг сподели двосмислена порака до своите поддржувачи.

– Mразите ме или сакајте ме, напиша Обамејанг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top