| четврток, 6 декември 2018 |

Лемар: Среќен сум во Монако, тука ќе напредувам

Крилниот напаѓач на Монако, Томас Лемар, за кој летово имаше огромен интерес, изјавил дека е среќен што не ја сменил клупската средина. Според информациите од повеќе реномирани спортски медиуми, Монако во последниот ден на преодниот рок ја прифатил понудата на Арсенал за Лемар во износ од 92 милиони фунти (100 милиони евра), но немало доволно време трансферот да биде реализиран.

Додека траеле преговорите Лемар играше за Франција на мечот против Холандија (4-0) и успеа да постигне два гола, кои се први за него во дресот на националниот тим.

– Фудбалер сум на Монако и среќен сум што е така. Ќе имам успешна сезона тука и сакам да напредувам. За мојата иднина размислуваат луѓето во клубот и менаџерите, додека јас сум фукусиран на она што се случува на теренот, рекол Лемар за францускиот „Канал плус“.

21-годишниот Французин по заминувањата на голем дел од ѕвездите на Монако ова лето, со сигурност ќе биде еден од главните играчи оваа сезона, па со добри игри, Монако за неговите услуги би можел да заработи и поголема сума од понудените овој преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top