Тимот на Црвена Ѕвезда утре го очекува тежок меч од Лигата на Европа против англискиот гигант Арсенал, а еден од нивните навивачи се решил дополнително да ги „мотивира“ фидбалерите со неговата понуда.
Тој на подарок нуди ни помалку, ни повеќе – автомобил „Форд Ескорт“ 1994 година, а неговиот оглас брзо станал хит на социјалните мрежи.
– Го подарувам својот Форд на играчот кој што ќе постигне го против тимот на Арсенал. Голот мора да биде победнички, инаку нема да има смисла. Колата не е нешто посебно, тоа го знам и сам, но таа е се што имам. Добро ме служеше, има 5 брзини и рикверц, а има и плин, вели тој во својот оглас.
– Ајде, сега е моментот да ги нападнеме, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.