| четврток, 6 декември 2018 |

Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот

Минатогодишниот победник на ФА Купот, Арсенал денеска е елиминиран во третата рунда од натпреварување од по поразот од 4-2 од второлигашот Нотингем Форест.

Резултатот на полувремето беше 2-1, откако Ерик Лихај ги донесе во предност домаќините во 20 минута, пред Пер Метерцакер да изедначи три минути подоцна. Во 44. минута Лихај повторно стрелаше од работ на шеснаесетникот за предност на Нотингем Форест.

Во второто полувреме, Бен Беретон погоди од белата точка за водство од 3-1 во 65. минута. Дени Велбек намали на 3-2 во 79. минута, а сите надежи на Арсенал ги урна Киран Доуел во 85. минута повторно од белата точка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top