| четврток, 6 декември 2018 |

Ревија на филмови на браќата Грим во Кинотека

Вкупно пет филма снимени според бајките на браќата Грим од денеска до 18 јануари ќе се емитуваат во Кинотека на Македонија. На тој начин и ние се вклучуваме во прославата на јубилејот „200 години волшебен свет на браќата Грин“. Ревијата ја организира Гете-институтот и Кинотека, а датумот е одбран со цел да се збогати зимскиот распуст на децата.

Проекциите почнуваат во 12 часот. Денеска и утре ќе биде прикажан германскиот филм „Пепелешка“. Следната недела на програмата се „Масата, магарето и стапот“, „Снежана“ и „Бременските музиканти“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top