
Пејачката Лепа Брена заедно со синовите Филип и Стефан гостувала во една емисија и открила детали од приватниот живот.
Имее Стефан рекол дека има голема поддршка од родителите, како и дека Боба редовно оди со него на настапи, поради што Брена е љубоморна.
-Тато ме поддржува, иде со мене на настапи, а мама праќа 40 пораки, каков е, дали зборува со публиката – се пошегувал Стефан, а Брена објаснила за што се работи.
-Бидејќи сега Стефан настапува, а Боба го следи на настапи, тој собрал некое свое машко друштво, а јас морам да знам што се случува. Го држам на краток ремен – се пошегувала Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


