| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите само четврти

Машката кошаркарска репрезетација на Македонија во борбата за третото место на Медитеранските игри во Мерсин беа поразени од селекцијата на Тунис со 58-63.

По двата катастрофални порази од Турција и од Србија во полуфиналето избраниците на селекторот Маријан Србиновски со ангажирана игра во текот на сите 40 минути покажаа дека можат повеќе од претходните два меча.

На паузата од полувремето нашите кошаркари заминаа на одмор со 2 поена разлика 31-29.  Во вториот дел на сцена стапи високиот 217 сантиметри играч на Тунис Салах Мерџи кој даде 17 поени, седум скокови и пет блокади.

Во нашиот табор најдобри беа соиграчите од Фени индустри Бојан Трајковски со 16 и Марко Симоновски со 13 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top