| четврток, 6 декември 2018 |

Маскерано и кажа збогум на Барселона: Ниту тој, ниту Иниеста не можеа да ги скоријат солзите (видео)

Хавиер Маскерано попладне имаше можност за последен пат да одржи говор пред своите соиграчи во свечената сала на „Камп Ноу“, а покрај тоа што популарниот „Ел Хефесито“ не можеше да ги сокрие емоциите кога ги слушна пораките кои ги доби од своите соиграчи, неговото обраќање го трогна најискусниот во тимот на каталонскиот гигант.

Капитенот Андрес Иниеста не можеше да остане рамнодушен на солзите и емотивниот говор кој го одржа аргентинскиот борец, па во еден момент можеше да се забележи како од неговите насолзени очи паѓа и една капка која се обиде веднаш да ја сокрие бришејќи ја со раката.

Аргентинецот од тимот на Барселона каде пристигна во 2010 година се сели во Кина во екипата на Хебеи Фортјун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top